ТРЕСКАВЕЦ – ЗАКРИЛНИК ЗА ПРИЛЕПЧАНИ

ManastirНедостапен за ненамерни прошетки, вгнезден на карпестиот предел на над 1.300 метри надморска височина, манастирот Трескавец, отсекогаш бил закрилник за прилепчани. Привлекува туристи со фрескоживописот во Црквата Успение на Пресвета Богородица од 13, односно 14 век.

Храмот е магнет не само за православните, туку и за вљубениците по планински прошетки и височини, за историчарите на уметноста… Се верува дека манастирот има исцелителна моќ и на многумина кои се помолиле им помогнала божјата сила. Живописната околина и прекрасната глетка од височините никого не остава рамнодушен.

За скоро време ќе почне градбата на вивнатите конаци голтнати до темел од пламените јазици. Божјата милост, вербата и помошта од верниците, како феникс, пак ќе ги издигне од пепелта да претставуваат најубави и најголеми одаи за мир и почивка.

Со изградбата на патот, Трескавец е на дофат за мир, помилување и спокој на душата во небеските царства. 

Loading