ПЕЧАЛИ ВО ЈАБАНА – ОДМОРАЈ ВО ПРИЛЕП

И на крајот на светот да си, корените влечат во родниот крај

– Срцето им е тука, а телото во туѓина

Таму каде што ни се корените, секогаш се враќаме. Патиштата на судбината многумина однесле во странство, во потрага по подобар живот, работа или семејство. Кога-тогаш, кај дијаспората никогаш не гасне искрата на семејното огниште колку и да е запретана со пепел. Носталгијата ги трга во родниот крај. Велат, Македонија е мала, но најубава за одмор. Ги научиле и помладите генерации, ги запознале со малото родно гратче за кое светот можеби не слушнал. И синови и ќерки доаѓаат во Прилеп да се сретнат со своите со роднините. Некои и не се прилепчани. Се родиле во далечна земја, но потеклото на родителите, кај некому и на брачните партнери, ги привлекува не само за одмор. Други велат дека “ги мами” сонцето. Каде што е сонцето, секогаш се чувствуваш како дома.

Нечија свадба е повод за дома, а роднините и пријателите пријатна клима да се остане десетина дена повеќе. На Мухамед Бајрамоски не му е сефте одморот да го врви во Прилеп. Овојпат, возел повеќе од 1000 километри за свадбата на роднините. Му се допаѓа нашата малечка, но чудесна земја, па останал речиси три недели, додека не ги завртел сите роднини.

muhamedГодини доаѓам од Турција на одмор во Прилеп со родителите да се видиме со роднините во Дебреште, да прошетаме… Свадбите се мотив. Така, сега затоа сум тука две ипол недели. Бев кај роднините во Струга, Охрид, Тетово, Гостивар, Скопје и Кичево. Во Прилеп е најубаво. Од кафе, на кафе сме. Има доста девојки, па уживаме со братучедите. За разлика од Турција, животот овде е поспокоен. Убаво е за одмор, но не и за живот. Роднините се мачат – кажува Бајрамоски од Турција.

 

 

 

 

 

 

Прилепчанецот Зоран 16 години работи во Љубљана, Словенија. Создал семејство. Секоја година во јули, август, тринеделниот одмор го користи дома, комплет со жената и децата. Доаѓа кај мајка си и братот и да ги види роднините. Се радува што, градот во кој се родил и израснал, низ годините се изменил, се дотерал, но има уште места за уредување.

2 Zoran od Ljubljana doagja na odmor kaj majka si i   bratot– Сé што е од Прилеп, ми се допаѓа. Центарот е убаво направен, само улиците да ги средат, дупките да ги затнат. Во Љубљана е подобро, оти не се оптоваруваш со ништо. Овде политика се меша. Таму нема нервози на тоа поле, мирно е – кажува Зоран.

 

 

 

 

 

 

На Кадри Бајрамоски, роден во Германија, летна дестинација му е родниот град на татко му.

– Доаѓаме на 2-3 недели оти овде имаме фамилија. Подобро е за шетање, послободен сум. Не се чувствувам ограничен – вели Бајрамоски.

3 Bajramoski i Todorovik fatile senka posle sopingotЗа убавината на Прилеп слушнал и брат му, од Србија, Димитри Тодоровиќ откако неговата мајка се омажила за прилепчанец. Роден е во Србија, живее во Германија, а од 2007 година одморот го минува во Македонија. Му се допаѓа градот, оти е поефтино. Ужива во вкусот на специјалитетите на скара, посебно плескавица “Македонка”. Најмногу се радува кога одморот се погодува со Пивофест.

– Го засакав градот. Две-три недели поминуваат брзо и возбудливо, се шета, купува патики, маици, фармерки… Годинава одморот се совпадна со Пивофест. Овде сум послободен, ама Германија не ја менувам, оти сме навикнати. Друго е таму, патиштата се поинакви, а овде кога врне сé е кал – вели Димитри Тодоровиќ.

Патиштата на љубовта ја донесле Енџела Сарачиска од Хонг Конг во Прилеп. Прстенот на раката, направил летните, па и зимските одмори, четири години да ги минува во градот под Марковите кули. Воодушевена е од градот, во кој доаѓа не само поради корените на сопругот, туку и поради топлото гостопримство во кое се чувствува поимот семејство. Покрај сопругот прилепчанец, шестмесечното синче Џонсон, родено во Битола, ја привлекува Македонија.

4. Enzela Saraciska od Hong Kong uziva vo prosetki niz   prilepskata carsijaСопругот ми е прилепчанец, но живееме во Хонг Конг. И лете и зиме доаѓаме. Овде е порелаксирано, а во Хонг Конг е постојан метеж, многу луѓе насекаде и секој ита зафатен за некаде. Лежерно е тука, се негува фамилијарен живот, а таму никој нема време за семејни дружби, освен во сабота и недела. Храната е евтина, па остануваме по еден месец. Би рекла, работи во Хонг Конг и одморај се во Македонија – кажува Сарачиска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Џелал Амедоски од 1987 година заминал во Швајцарија. Ужива со заработените пари во Прилеп. Десетпати годишно се враќа во родниот крај.

5 . Dzelal Avmedoski 'se luksuzira' so pecalbarskite pari–  Им “здодеав ” на роднините и пријателите. Летово останувам цел месец. Малку бизнис, малку да ја видам фамилијата. Шетаме, трошиме по свадби, по кафеани. Во странство се печали, овде да се троши. Се разликува градот од порано. Изградено е повеќе, оди на поарно. Како што се гради, многу ми се допаѓа. Овде сум роден и подруго е со овдешниот народ. Покомуникативни се нашите, за разлика од Швајцарија каде луѓето не се толку блиски – кажува Амедоски.

 

 

 

 

 

 

Фамилијата го влече Сефо Сефоски од Швајцарија секое лето да биде во Прилеп. Откако се скрасил со жена, одморите, покрај во Прилеп, ги користи во Дубаи и Турција.

6. Sefo Sefoski so soprugata na odmor vo rodniot kraj na   roditelite– Со мајка ми и татко ми, кои се родени тука, идев почесто. Сега доаѓам со сопругата. Ме носи сонцето, срцето, фамилијата, потеклото, а и куќите треба да се реновираат. Ми недостига бизнис центарот. Поубав стана градот, блиску е до ЕУ. Уште малку ќе замине и одовде мизеријата како што беше порано. Би било супер да се живее со парите што се заработуваат во Швајцарија. Би се трудел да отворам бизнис. Вака само за двонеделен одмор – вели Сефоски. 

Loading