ЛЕТУВАЊЕ КОЕ ДОЛГО СЕ ПАМЕТИ

Анталија – најубавото од Турција

-Со златно – сјајната вода и волшебно ситниот песок е небаре салон за убавина

gradАко сте меѓу оние кои уште не знаат каде ќе го поминат одморот, време е да рамислувате август да го минете во Турција. Постојат безброј причини за избор. Една е најочигледна. Тешко дека некаде, за многу пристојна цена, ќе најдете врвни хотели со ултра инклузив понуди во кои евентаулно ќе недостасува само “од пиле млеко”. Последниве години, Турција е меѓу 20 најзначајни дестинации на светот. Долгите километарски песочни плажи, тиркизното сино море, луксузните хотели, преубавата природа ја прават оваа дестинација прекрасна за милиони туристи од целиот свет. Иако е огромна земја која навистина има многу што да понуди, Турците од тоа изобилство го избераат анталискиот регион. Кемер, Белек или Анталија, нема многу разлика, оти вријат од прекрасни приморски места и плажи кои мамат во нивните песоци да се нурнат стапалата. Традиционалното турско гостопримство дополнително го исполнува доживувањето, па чувството е како да сте дома.

Анталија е туристичка престолнина, бисер на Медитеранот, најстара и најразвиена туристичка област, најпосетена туристичка дестинација во Турција, во која веднаш ќе забележите контрасти. Од една страна модерен град со луксузни градби, продавници и широки булевари, а од друга, дел од градот околу старото пристаниште, кое уште живее во некое старо време. Според легендите, римскиот император Марко Антониј овој убав дел од азискиот брег и го подарил на царицата на Египет, Клеопатра. Исклучително чистото море, убаво уредените делови од градот со мноштво зеленила, модерни продавници и етно куќи, се можности за посета на историските места и културните знаменитости во близина. Тоа е збир на привлечност за туристите ширум светот. “Шлаг” на незаборавното доживување се преубавите плажи, благата клима, над 300 сончеви денови. Турците додаваат дека во Анталија гостинот е крал. Таа е вистински спој на сонцето, песокот и морето и место каде и Турците одат на летување. Она што ова место го прави величествено е градот скриен меѓу сјајни плажи, луксузни хотели кои нудат сé што ќе посакате, но и историски знаменитости кои ја задоволуваат желбата за учење нешто ново.

Спој од природни и историски убавини

Sinonim za raskos i ubavinaСместена е меѓу карпите во јужниот дел од полуостровот Анадолија. И името значи сјајна ѕвезда на Медитеранот. Неа í припаѓаат Кас, Аланиа, Манавгат и Кемер. Таа е многу сликовит град, опкружен со планини, шуми, Средоземје и многу древни урнатини. Од аеродромот се стигнува до било кој дел од оваа турска ривиера, која името го добила поради природните и историските убавини. Во градот се измешани историјата и културата. Затоа го заслужува називот “главен град на турскиот туризам”. Повторно ја доживува златната доба, оти се трансформира во културно и историско средиште со тематски хотели кои претставуваат Венеција или катедрали во Москва.

Калеици, рустикален стар град во кој се под заштита историски турски и грчки куќи, е најпопуларниот дел од Анталија. Старите куќи одделени со тесни калдрми се претворени во хотели и туристички продавници. До древните градови како Фаселис, Олимпус, Адрасан и Кеков се плови со јахта. Олимпус, кој се наоѓа помеѓу Адрасан и Кемер, е место со археолошки остатоци од 2 век п.н.е. Може да се посетат урнатините од римскиот период. Таму е и древниот град Аспендос, познат по неверојатниот амфитеатар. Други древни места се Термесос, Хадрианус, Перге, Силион, Фаселис, Лимира, Ариканда, Демре, црквата Св. Никола, Симена, Кекова, Патара и Ксантос. Неизбежно треба да се посети и Археолошкиот музеј, чија поставка е сместена дури во 12 саемски хали, со можност да се посети и музејската галерија на отворено.

По обиколката на историските места, се ужива во природните убавини. Вреди да се посети водопадот Манавгат, пештерите Караин и Белдиби, водопадите Сарапса Ин, Курсунлу и Дуден, кањонот Корпула.

Одмор од соништата

Turska riviera - biser na MedeteranotОд Кемер до Аланија, долж анталиската област начичкани се туристички места со преубави хотели, долги плажи, ресторани, чајџилници, кафетерии. Јужниот брег на Турција, е магично привлечен, поради прекрасните плажи, живописните заливи, преубавите хотели, топлото море и античките локалитети. Плажите Клеопатра и Ицекум се наоѓаат во западниот дел од градот и се долги 2 км. Лара и Кониалти, познати по кристално чистата вода, се делови од рајот со своето тиркизно сино море, полни барови и клубови. Други познати места за капење се Кале (Демре), Патар, Адрасан, Финике, Текирова, Пхаселис и Улас плажите. Атракција се и Сиде, Перга, Манавгат и Аланија. Летувањето таму е потполно нов начин на одмор. Медитеранската клима го прави одморот исклучително пријатен. А долгите, убаво уредени песочни плажи, топлото тиркизно море искапено со сонце ја прават Анталија една од најпосетените турски крајбрежја. Интересните археолошки локалитети, живописните пејзажи, неверојатните карпи и скриените заливи, се само некои од нештата кои заведуваат. Опкружена е со планината Таурус, погледот кој се нуди е, во најмала рака, фантастичен. Римските локалитети се блиску. Раскошната природна убавина, различните културни актракции и можностите за спортски активности, се само “ситниците” кои ја прават оваа дестинација идеална за одмор.

Иако турската кујна се рашири по целиот свет, вкусот на храната, во Турција и надвор од границите не е ист. Во Анталија постојат многу ресторани кои служат исклучиво специјалитети од националната кујна, како сарми, кебапи, тулумби… Иако е богата со луксузни хотели и други објекти, се сочувал автентичниот шарм и традиционалната турска култура. Со шетање по градските улици или со шопинг, се чувствуваат сите магии на турските адети. Вистинска специфичност на Анталија и на Турција воопшто е познатото ценкање по тезгите. Трговците ќе се навредат ако не се обидите да ја спуштите цената на она што сакате да го купите. Туристите најчесто купуваат златен и сребрен накит, разни бисери и сувенири, но и производи од кожа.

Во Анталија сé е можно

Анталија нуди и исклучително разновиден и богат ноќен живот. Сé е можно, од уживање во романтична вечера до лудување со друштвото до мугри. Шеталиштето долж крајбрежјето е преплавено од туристи и од локално население, поради бројните клубови, дискотеки, барови и кафулиња. Постојат и места со жива музика, а безбројни се и можностите за рок, техно или хип-хоп… На улицата Калеици има избор за забави за сечиј вкус – таверни, англиски пабови и традиционална музика. Ноќните клубови организираат тематска забава, танцувачки перформанси и се отворени до раните утрински часови. Ноќниот живот е уште поатрактивен за време на одржувањето на Меѓународниот голден оранџ филмски фестивал. Изборот е преголем – со можност за мирни места за пријатна атмосфера за пиење на својот пијалок, до огромни дискотеки под ведро небо. Има толку различни места што ни за 15 дена не се стигнува поголем дел да се посетат. Најпопуларен е клубот Алиж, од кој нема подобро место за џускање. Не заборавајте една вечер за уживање и гледање во стомачни танци. Во многу хотели можно е да гледате Турчинки кои изведуваат неверојатни движења, а неретко се случува и гостите од цел свет да им се придружат.

Ако сакате времето да го минете лежејќи под чадор за сонце со добра книга и брцкајќи в море или в базен, можете да се препуштите на луда забава која почнува околу 10 наутро и трае до после полноќ.

Loading