Откриени нови гробови кај Старо Бонче

Novooktirenite grobovi kaj Staro BonceВо раноантичката некропола кај Старо Бонче, археолози водени од д-р Антонио Јакимовски пронајдоа десетина гробови со конструкција од големи камени блокови поставени вертикално. Според металните и керамичките наоди, тие датираат од 5-4 век п. н. е.

– Гробовите се правоаголни, покриени со нафрлани камени блокови. Носител на капиталниот проект е Филозофскиот факултет од Скопје координиран преку Управата за заштита на културно наследство и во соработка со Завод и музеј Прилеп – вели раководителот Јакимовски од Институтот за историја на уметност и археологија при филозофскот факултет Скопје.

Старо Бонче е комплекс од дваесетина археолошки локалитети, најмногу од раната антика. Се претпоставува дека тука е главниот град на Четвртата македонска мерида, Пелагонија. На просторот се пронајдени ексклузивните три штита, на кои е испишано името на македонскиот крал Деметриј и монети ковани од македонските кралеви. Импозантен објект е владетелската гробница од македонски тип на локацијата Павла Чука.

Loading