Јаве за првата матична книга на родените прилепчани

Znacanja zbirka na dookumenti - Dejan Prodanoski,“Отворен ден” е манифестацијата која ќе се одржи утре од 18 до 22 часот во прилепскиот архив. Ќ е можат да се видат 80 документи, стари, репрезентативни и интересни книги, албуми со фотографии, чувани во депоата на институцијата, која слави 60 години. Ќе може да се види и најстарата матична книга на родените од 1821 година од црквата Св. Благовештение.

Архивот заштити 593 фондови и 9 збирки, од кои 300 се обработени со аналитички инвентар и ажурирани во архивски софтвер кој овозможува брзо пребарување, и 297 се средени со сумарни инвентари како научно-информативно средство.

– Ако почетоците биле за собирање, штитење и научно обработување на историско-архивскиот материјал, сега се презема јавен архивски материјал на трајно чување, се презема приватен архивски материјал по пат на подарок, се откупува и се чува, доколку се оцени дека е од интерес за  државата. Покрај тоа се контролираат имателите на архивски материјал, се врши сигурносно и заштитно снимање, евиденција на имателите на јавен и приватен архивски и документарен материјал, архивски материјал од интерес за Републиката од странство. За истражениот материјал од странство, се даваат податоци, копии од документи, извадоци и заверени преписи од документи и друго – вели раководителот Дејан Проданоски.

Најстарите документи кои се заштитени во Одделението се Матична книга на родени од црквата Св. Благовештение со податоци од 1821 година и Матичната книга на родени од с. Слепче од 1860 година.

Најголемиот дел од фондовите и збирките се однесуваат на повоениот период.  

Loading