Вода, сенка и клима против сонцето

Пекол лето

Сонцето се надвисна над градот. Ги гушна граѓаните во прегратка да ги печи со пеколна жега. Штама е од 11 до 18 часот. Излегуваат само оние кои имаат иктиза. Некои киднаа да се ладат во солени води или на езерата. И тутунарите берат до девет и поладне по 17 часот. Чекаат да ослаби огнот што го праќа сонцето. Други не мрдаат од домашниот лад од клима уред, вентилатор или затворени прозорци. Горештината влијае и на падот на апетитот, бидејќи се консумира многу вода или сокови да се изгасне жедта и да се надомести течноста што излегува со потењето. Не помага ниту фрижидерот цел ден да стои со отворена врата. Не спасува ниту мраз во коцки или пак сладолед.

“Ах. Тешко е, не се дише”, се слуша.

Природните сенки го ублажуваат вршникот. Зопоседната е ладовината под дрвјата низ чаршијата и парковите.

1. Osvezuvanje i razladuvanje pod senkiteЖените, како прави дами, се штитат од сонцето со шеширче или чадорче в раце. Мажите, не остануваат покусо. Со капчиња се разладуваат кај фонтаните, прскајќи се со водата по лицето, рацете… Помладите спас од жештините бараат со бранување во базените, освежување со сладолед, па и лубеница. За никој нема спиење. Стражари градот до раните утрински часови, кога сонот навасува со првите ладовини.

 

 

2. Vasilka Porcu– Се снајдуваме некако. Лето е, сакавме жешко, нели?! Активна сум. Гледам сите обврски да ги направам порано. Од сонцето се штитам со чадор, одејќи под сенка и со душа чекам да дојде одморот, да се разладам во вода. Навечер излегувам на прошетка низ чаршијата и в парк. После 22-23 ч. со пријателката ни е ритуал, пешачењето – вели Василка Порчу.

 

 

 

 

 

3. Dijana Igeska izleguva otkako sonceto ke se skrieНе се издржува од пеколов. Добро е малку дожд да падне, да се разладиме и да се освежиме. Секојдневно сум на базен, оти дома не помага ниту клима. Промајата стана куртул. Намалено е шетањето и јадењето. Претежно само вода. Навечер шеткаме, но запурно е. Не се спие до сабајле. Таман си заспал, пак жештини и ќе се разладуваш под туш – вели Дијана Игеска.

 

 

4. Josif Zlateski fatil senka so vnuceto– Жешко е и се кријам од сонцето. Немам многу мака. Децата и бабата имаат повеќе. Не се оди да се сврши некоја работа. Го шетам внучето попладне или насабајле. Сите се мачиме ноќе за спиење, иако вратите и прозорците се отворени. Повеќе вода пиеме, овошје, полесна храна, кисело млеко, краставици, таратур – кажува Јосиф Златески. 

 

 

 

 

 

5. Mora da se raboti - taksistot Dejan Mihajlov– Се криеме под сенка, но и работиме. Стартувам од три попладне и до полноќ. Издржувам. Помалку има работа за таксистите, оти луѓето излегуваат по ладот и седат дома. Ептен, ако нешто им е нужно, да пазарат или на кафе, ваму-таму. Возам со отворени прозорци, оти климата е лоша за здравјето. Пијам вода почесто и јадам само еднаш дневно. Сон дури во 5 наутро, а ноќта дремам на фејсбук со вентилатор – кажува таксистот Дејан Михајлов.

 

6. Menka Dimtrioska– Лек за жештината е лежење во вода. Пред 9 излегуваме и кај 11 се прибираме со малите. Со клима уред се разладуваме. А и со чешмата и со кадата. Спиењето е изморување, а не одмор, оти не наспан се станува за на работа. Жештинава не е како што кажуваат, туку температурата е повисока. Така се кажува за народот да не паничи. Не јадеме тешка храна. Повеќе сме на зеленчук, овошје и многу пиеме вода – вели Менка Димитриоска.

 

7.Главно, рецепт за спас од горештината е водата, најдобро во некој од базените. Во утринските часови и навечер пожелни се прошетки низ парковите. Горештините се одбегнуваат со клима, освежувајќи се со сладолед, многу вода и пијалоци. За олеснување на спиењето се препорачува отворени прозорци и врати. А гледањето филм или “дремењето” на фејсбук колку-толку им го свртува вниманието, да не мислат на пеколните жештини. Но, како што велат, прилепчани од век се тутунари, учени се на сонцето и наутро и попладне. За нив ладовина е само вода со толчено лукче, додека се оптегнати под сенка.

Loading