Латино танц во пена од сапуница

– Некогашниот пуст песочен гребен на Јукатан, денес е бајковита туристичка одредница

Мексиканскиот Канкун е сон на оние кои уживаат во осмислен одмор со возбуда и луда забава. Прекрасните песочни плажи, привлечното море со бранови за едрење, врвни хотели и забава од 24 часа се некои од атрибутите на ова летувалиште. Дестинацијата од светски размери, не варира со популарност. Нуди сé, а сé е дефиниција за уживање, проткаено со илјада и едно задоволство. И возбуда. Дури на заминување се разбира дека времето во овој рај минало во живот во петта брзина.

1. Turisticka destinacija od sonistataКанкун е од неодамна на мапата на туристичките дестинации за задолжително да се видат и да се доживеат. “Роден” е намерно во 1984 година, на темелите на малото рибарско село. Некој заклучил дека е истрошен престижниот Акапулко и се чувствува презаситеност. На овој дел од планетата му е потребно нешто ново со зголемен адреналин, што без одложување би привлекувало туристи од целиот свет. Ненаселен, а на прв поглед волшебен, песочниот гребен на Јукатан бил идеален за бајковита туристичка приказна.

Вложени се многу пари Канкун да стане летовалиште од соништата со околу 150 сјајни хотели, модерни сообраќајници, со уредени тревни површини, разубавени со цветни алеи. Малиот град и дење и ноќе, скоро цела година, не знае да мирува. Секогаш нешто се случува. Затоа не зачудува податокот дека годишно го посетуваат околу три милиони туристи од целиот свет. За разлика од многу други летувалишта, не е град на духови, туку врие од посетители на најмалку 250- те сончеви денови.

Вешто е осмислен. Поделен е на две целини. Градска со модерни булевари, бројни продавници, ресторани и туристичка зона, сместена на песочниот гребен. Имињата на плажите се и најдобар опис. “Плажа на младоста”, “Плажа на бисерите”, “Плажа на делфините”, “Плажа на китовите”, “Плажа на желките”, “Плажа на раковите”… Песок, песок и понекаде по некоја мала карпа. Рај за капачите, но и за мераклиите за едрење на штица. Ним им се препорачуваат плажите Каракол со најдобрите и најголемите бранови.

2. Kankun - maliot raj na MeksikoКанкун е смислен за добра забава и за празнење на ќесето. На располгање се луди забави во големите диско клубови на три нивоа. Таму, во пакет, со добрата музика се нуди учество или присуство на Мис бикини или можеби избор на најубави костими за капење. Модели се посетители, а жирито се дами. Постои и натпревар за најдобар танчер или танчерски пар. Забава има и низ многу локали кои организираат журки со натпреварувања во “откачени” дисциплини. Ако сте мајстор, се нуди можност да станете шампион во гаѓање со пуканки. Или, да танцувате во пена од сапуница. На секој чекор ечи музика, од латино до секоја друга, во сите можни варијанти, од џез до рок… За вкусен залак, чека секаков украс за светската трпеза. Не сметајќи ги хотелите, на располагање се 350 ресторани управувани од најславните светски готвачи. Им останува на гостите да изберат, италијански или француски ресторан, кинеска или јапонска храна, мексикански специјалитети… Восхитувачки е ентериерот на угостителските објекти. На располагање се најлуксузните, со футуристички детали, но и оние кои дишат атмосфера на интимност, романтика, рафинираност… Речиси во секој има музика почнувајќи од класична до евергрин… Постои и друг начин за уживање во добрата храна и пијалок. Ако испловите со помали или поголеми бродови, со дискретна музика, очекувајте вечера искапена во месечина и во речиси незабележлива светлина од свеќи…

Во Канкун не се допаѓа само моментот кога небото ќе се “намурти”, кога ќе стане сиво и кога ќе почне да се “љуби” со морето. Тоа е најава за тропски ураган.  Не се допаѓа и мигот на заминување, зашто се заминува од рајот, од прекрасната приказна која се сонува долго. 

3. Podzemni avanturiПоглед од подморница

Во Канкун ништо не е невозможно. Ако уживате во убавините на морските длабочини, можете и тоа да го почувствувате, а да не го наводените ни малиот прст од ногата. Доволно е да прифатите да бидете дел од екипажот на подморница која на туристите им е на располагање 24 часа. Низ прозорците се ужива во набљудувањето на подводниот свет. И нуркањето е задоволство, на кое тешко може да се одолее. Со маска на лицето и шише со кислород на грбот се ужива во морските длабочини. Авантура е нуркањето по варовничките подводни пештери изобилни со прекрасни глетки.

4. Nurkanje  za  pamtienjeМоже да се изнајми коњ, со кој може да се јава на песочните плажи или во џунглата. Канкун има и феноменален терен за голф со незаборавниот поглед на лагуна и отворено море.

Во центарот е боженствениот аквариум. Посебноста е во пливањето со делфини, без страв дека нешто лошо може да се случи. Разгледувањето може да се направи со велосипед или со ролери. Фасцинантни се посебните патеки долж градскиот булевар.

Ривијера Маја

Канкун не треба да се изваде од умот, бидејќи е прекар за прочуената Ривиера Маја со неколку актрактивни летувалишта, но и со Тулум, познат како археолошки локалитет на Маите. Атракција е и локалитетот Коба со најголемата пирамида на Јукатан. Недалеку од прочуениот Чичен Ице е природниот резерват со птици и животни.  Таму има колонија од речиси 3.000 фламинга.

5. Neverojatni avanturi dolz Rivierata MajaПештера на заспаните ајкули

На 20 минути возење со брод е островот Жена. Тоа е уште едно убаво место со хотели. Привлечен е и по подводниот парк Ел Гарафон. Рај е за нуркачите, поради богатиот фонд тропски риби.

Импресивна е и пештерата на заспаните ајкули. Храбрите имаат можност да видат со насмевка над десетина видови ајкули. Сите, на некој начин, се послушни и затоа се сметаат дека не се опасни. Но, не треба да се проверува, иако е ниско нивото на кислород во пештерата.

Loading