Триумф на Пајмакоски

Атлетика

Првата вечерна трка низ градов во должина од 5000 метри помина во знакот на Илија Пајмакоски. Дваесетгодишниот атлетичар прв стигна до целта за 16,44 минути. Во групата од 10 најбрзи имаше уште четворица сограѓани, Саше Јаковлески четврти, Срѓан Милошески петти, Филип Туманоски осми и Александар Талески на 10. место. Кај јуниорите победи 15-годишниот Антонио Стојчески. Второпласирана кај жените е Милена Чкрипеска, а кај јуниорките прва е 14-годишната Елеонора Кржеска.

Меѓу 88 кои ја истрчаа патеката се и двајца фудбалски судии, 17. место Филип Јанкоски и 19. Горан Спиркоски.

Loading