Наши инструктори во Србија

Борење

Според налог на Светската боречка федерација, по барање на Српската, тренерите од БК 7 Мај Леов, Саше Игњатовски и Илчо Марковски заминаа во Сомбор. Ќе бидат инструктори седум дена во подготовките на Кадетската и Младинската репрезентација. Србите се мошне задоволни од соработката пред две години, која даде резултат со петмина високопласирани на Европско. Во кампот се и надежните борачи Катерина Мирческа, Теодор Темелкоски и Христијан Пенков.

Loading