Полетни со академик Џамбазовски

Атлетика

Новото име Академик Џамбазовски го носи во позитивна насока атлетскиот клуб. Тренерот и 14 атлетичари, поддржани од спонзорот, немаат веќе грижи за патувањата и се фокусирани само на тренинзите и натпреварите. На Балканската универзијада во Ниш блеснаа со злата близначките Ристески, Христина со време од 12,40 секунди на 100 метри, а Фросина за 59,04 на 400 метри, слично како на Европските игри во Баку.

– Полесно се дише. Макотрпно се оддолжуваме со резултати. За условите да бидат докрај во ред недостасува атлетска патека – смета тренерот Ѓорѓи Гешоски.

Во клубот има многу таленти, како Ема Бошеска на 3000 метри и Леонид Вандевски на 1500, најдобри во државава и претставени на Балканијадата за младинци во Сремска Митровица, Србија.

Loading