Ребрендирана Цевитана за обичните суперхерои

Cevitana SuperherojНов иновативен дизајн, пакување и изглед на добро познатата Цевитана на Витаминка. Ребрендирањето на брендот е под слоганот “За обичните суперхерои”, наменувајќи го производот за сите, кои се справуваат со секојдневието и кои сме херои на нашите животи. Цевитана, со редизајнот го зацврстува лидерското место на пазарот. Витаминскиот пијалок е добитник на голем број награди, меѓу кои и за Супербренд.  

– Создаваме нова приказна на овој семеен пијалак. Со новиот изглед додаваме вредност на витаминскиот пијалак како дел од една животна приказна, како дел од секојдневието на обичните суперхерои – секој од нас што успешно се справува со предизвиците на денот. Идејата е да бидеме проактивни, чекор понапред од конкуренцијата, задржувајќи го високиот квалитет – изјави Влатко Трпаноски, комерцијален директор во Витаминка.

Модерниот изглед, силните и интензивни бои ја отсликуваат внатрешноста на производот, инстант витамински освежителен пијалак, што ги задоволува потребите од витамини во дневната исхрана. Цевитана останува пијалакот со кој растеле родителите и нивните деца, со кој што ќе растат и новите генерации и ќе ги препознаваат хероите во лицата на своите родители.

Loading