Комфи ангел на врвот од европскиот бизнис

Irena Jakimoska  i Komfi angel so Evropski biznis nagradiДве европски бизнис награди во Лондон доби мешовитата англиско македонска компанија за производство на постелнина со илјада работници, Комфи ангел. Едниот медал е за национален шампион во увоз и извоз и второ место во конкуренција од 10 компании за увоз во Европа. На натпреварот во повеќе рангови учествувале неколку илјади фирми.

Според косопственичката Ирена Јакимоска, престижнаните признанија се плод на упорноста и посветеноста на целиот тим.

– Наградите се на сите вработени. Тие имаа само пет минути за прослава, оти веднаш тргнаа во нови победи и во поход на нови предизвици. Награда е и за повеќе од 400 добавувачи во Македонија, со кои, заедно, создаваме циклус и успеваме да се претставиме во најдобро светло. Ја презентираме и државава во Европа. Покажавме дека и во нашата земја може да се создава претприемништво – изјави Јакимоска.

Компанијата е основана во 2004 година. Целата продукција патува во странство. Фирмата годинава претендира да извези перници, јоргани и друга постелнина за 18 милиони евра, од кои 70 отсто се сопствено производство, а 30 отсто доработка, и тоа за англискиот ортак.

Пред четири години доработката била носечка со 90 отсто од продукцијата. 

Loading