Стратегија против последиците од климатските промени

УСАИД ќе финансира

Zaedno do podobra klima Risteski so kolegiteПрилеп беше избран за имплементација на проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени на конференција во Охрид.

Локалната самоуправа заедно со Центарот за граѓанска иницијатива ги исполнија критериумите од повикот, објавен од страна на Милиеуконтакт Македонија. Тоа е зелено светло за проектот за развивање на стратегии за справување со климатските промени, а финансиски следен од УСАИД. Целта е ублажување на ефектите од климатските промени. Користејќи го иновативниот метод наречен Зелена Агенда, проектот ги спојува граѓанските организации, граѓаните и општинските тела да развијат акциони планови засновани на консензус, а се однесуваат на специфичните прашања за климатските промени со кои се соочуваат заедниците. Четиригодишната иницијатива ги подготвува општините да се справуваат со локалните предизвици од климатските промени.

Покрај Делчево и Кривогаштани, досега осум општини изработиле стратегија за климатски промени.

Собирот во Охрид ги охрабри напорите за справување со климатските промени, чии последици сé поизразено се чувствуваат и во земјава. Учествуваа над 100 претставници на граѓански асоцијации, општини и експерти од Југоисточна Европа, САД и Холандија, како и на УНДП, УНЕП, УНЕСКО и на други диполоматски мисии во Македонија.

Loading