СКЕЈТЕРИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ

Fizionomija dobiva  skejt parkotРечиси готов е скејт паркот на 1.331 м2 во близина на Паркот на револуцијата. Вљубениците во возењето на скејтборд, ролери или БМХ велосипедите ќе имаат на располагање погодни бетонски површини за изведување акробации. Има дел за почетници со рампи, скали, метални препреки и огради, помали надвишувања и аморфен базен со длабочина од 80 см. па се до 2 м. За искусните е базенот со аморфна форма од 2 м., која се зголемува до 3 м. Бетонските длабнатини се поврзани со тревна површина.

– За 2-3 недели, со комплетното уредување на околината ќе биде пуштен скејт паркот на задоволство на сите скејтери, кои ги има во голем број и бараа вакво “лизгалиште” – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Во близина се гради и црквата Св. Наум Охридски, а ќе се реконструира и детското игралиште.  

Loading