Казанташ или Козјак?

Selecka po KajmakcalanДодека уживаа во убавата природа што ја нуди Кајмакчалан на 2500 метри, околу 60 планинари од ЕПД Картуш се подготвуваа за неделниот планинарски марш од дваесетина километри од Плетвар, преку Казанташ до манастирот Св. Димитрија во селото Селце, посветен на планинарскиот вљубеник Петар Андоноски – Музичарот.

Љубителите на планините ќе се збунат од понудите, оти и планинарите на друштвото Козјак по 19 пат ќе се искачуваат на врвот Козјак на 1747 м., по традиционалната патека од 15,5 километри во спомен на изгорениот планинарски дом Дервен. За патешествието е обезбеден бесплатен превоз до стартното место, манастирот Св. Ѓорѓија.

В сабота во 12 ч. во хотелот Сонце, планинарското друштво Јане Сандански ќе го слави патронот со културно-научна академија насловена Пиринскиот цар. Ќе говорат историчари и поети и ќе настапи скопскиот црковен хор “Смирна”.

Loading