Гран при за свадбата од ФАН

Majstorite na Svadba.dokТимот на Фан продукција, за филмот Свадба.док се закити со Гран при награда на Државниот фестивал на непрофесионален филм. Во силната конкуренција од 44 филма, креацијата на кус филм, инспириран од користењето на документарниот филм во свадба, извојува и две златни плакети за монтажа и за режија. Но, тука не запираат. Филмот ќе влезе во битка за награди меѓу светските филмаџии на 77. Фестивал на UNICA 2015, во септември во Санкт Петербург, Русија. 

Loading