Аманетот оставен од старите мајстори, вториот ден од Духовден да го слават за сведен ден, прилепските бербери и фризери го исполнија и годинава. Домаќин беше најмладиот фризер Тодор Тодороски. На забавата, заборавија на четките, чешлите и ножиците, откако претходно беа на свечена литургија во црквата Св. Благовештение, а на Могилата на непобедените оддадоа почит на претходниците, меѓу кои и на партизанот и колегата Андон Слабејко.
Клуч се стави на повеќето салони, бидејќи фризерите имаа слободен ден.
Ирена Тодороска ќе биде домаќин в година.