“Војводата Петре Железарот”, од авторот Тренчо Димитриоски, е книгата која излезе од печат во издание на ИК “Ризница”. Книгата е дел од планираната едиција “Македонски јунаци од Пелагонија, Мариово и Прекурид”, која авторот ја подготвил уште пред неколку години. Целата едиција е само дел од поголем проект “Комити – културна димензија”, во подготовка на КЦ “Калеш Анѓа”, од селото Крушевица, Прилепско и “Ризница” од Прилеп, а кој содржи и манифестации поврзани со личностите и настаните опишани во изданијата, на автентични места низ споменатите области.
– Железарот многу малку бил познат, но е значаен војвода и револуционер. Семејството е целосно посветено на Македонската револуционерна организација, а Петре многу рано станал член. Во 1905 година е испратен во селото Дрен да преземе 20 пушки за битолско. На пат, кај селото Царевиќ со својата чета се сретнал со четата на Крсте Гермов Шакир и заедно продолжиле, но при обидот да ги преземат пушките, биле опколени од турски аскер. Во нерамната битка загинал битолскиот војвода,а борците биле погребани во посебни гробови на селските гробишта кај црквата Св. Никола – објаснува Димитриоски.
Изданието за Железарот е посветено на 110 годишнината од загинувањето на војводата.