Уметници на колонии во странство

Двајца наши уметници учествуваа на реномирани ликовни колонии во БиХ и во Турција, претставувајќи го богатото ликовно наследство на градот. Уметницата Билјана Бинчев сликаше на 14. ликовна колонија во Кулен Вакуф, БиХ.

– Колонијата собира уметници од цел свет. Се дружевме, разменувавме искуства и како единствен претставник на Македонија, добив покана за колонијата на Истра на крајот од јуни – вели Бинчев.

Уметникот Златко Крстески беше дел од сликарскиот симпозиум во Фетије во Турција.

– Ме привлече фантастичниот пејзаж, сината морска боја, археолошкото наследство заштитено од УНЕСКО и космополитскиот дух на турскиот народ. Насликав две дела кои подоцна ќе бидат дел од изложба во Музејот – изјави Крстески. 

Loading