Концерт на трио хармоники

Вечерва во Библиотеката

harmonikaВечерва во Библиотеката  целовечерен концерт ќе има Трио хармоники во состав Љупчо Колевски, професор по музика во ОУ “Ордан Михајлоски – Оцка”, Ѓорѓе Ќириќ, апсолвент на ФМУ во Скопје и Трајче Гогов, апсолвент на ФМУ во Скопје.

Трио хармоники постојат седум години. Активни се на концертната сцена во Македонија и во странство. Добитници се на повеќе државни и меѓународни награди и признанија. Гости на концертот ќе бидат и Христина Никоска – професор по пијано и Филип Петрески – ученик по хармоника во СУ “Илија Николовски – Луј” во Скопје.

Loading