МАРЈАН ДОДОВСКИ – НОВ ГЕНЕРАЛЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР

11 Октомври Еурокомпозит

М-р Марјан Додовски е новиот генерален извршен директор на 11 Октомври Еурокомпозит. На испразнетото место, по заминување на Климент Шеќероски, од неодамна по предлог на Собранието на акционери, одборот на директори го назначи Марјан Додовски за нов генерален извршен директор. На позицијата прв човек на загубарот, доаѓа Електрани на Македонија, по претходно долгогодишно искуство во политиката како министер за животна средина и пратеник во Собранието.

Новиот директор ја исплати јануарската плата, извршена е линеарна исплата на февруарската, а тековно се подмируваат и останатите обврски. Се подготвува нова систематизација на работните места по кои во иднина ќе се врши исплата на платите на 293 вработени. Интензивно се бара стратешки партнер. Како што дознаваме, неколку странски инвеститори од ЕУ и членки на НАТО, заедно со министрите за привлекување на странски инвестиции неодамна ја посетиле компанијата.

Инаку, на 16-ти мај заврши доставувањето понуди по јавниот повик објавен од Министерството за економија за продажба на акции на друштвото за производи со посебна намена. На продажба беа ставени 3.708.038 акции во сопственост на државата. Право на учество имаа сите домашни и странски инвеститори под одредени услови, заинтересирани за купување на акциите. Јавното отворање на понудите ќе се реализира на 16-ти јули.  

Loading