Освојувачи на државни мегдани

СОУ Орде Чопела

– Ги собраа наградите од државниот за земјоделско – ветеринарни училишта

– Прво место за најдобар штанд на МАССУМ

– Лидер на хемиско – технолошка струка

1. Obedineti do vrvni uspesi - Anita Gjorgjioska, direktorГодинашните високи постигнувања на државните мегдани го свртуваат вниманието кон успешната работа во СОУ “Орде Чопела”. Училиштето, кои во себе ги сублимира хемиско – технолошката струка, со профилите прехранбен, производно-процесен, техничар нутриционист, ветеринарен техничар, земјоделско ветеринарната струка со техничар за агроменаџмент, за фармерско производство и за хортикултура, како и профилите техничар за очна оптика и геодетски техничар, нема година, да не освои бројни награди. Од државниот натпревар за земјоделско – ветеринарни училишта ги собраа признанијата од кумановчани. Од МАССУМ се вратија со четири награди, блескајќи со злато за најдобро уреден штанд. Ја оправдаа хемиско – технолошката струка, станувајќи лидер на струката.

2. Nagradite kaj SOU 'Orde Copela' od drzavniot za zemjodelsko - veterinarni ucilista– Одговорно е да се води училиште со многу струки и образовни профили. Наградите се рефлекс на успешното работење – на наставниците и учениците. Натпреварите ги стимулираат учениците на проширување на знаењата, за совладување на вештини за практичната настава, подготвувајќи ги за кариери. Благодарност до колегите и учениците, бидејќи го покажуваат училиштето во најдоброто светло на државно ниво – вели директорката Анита Ѓорѓиоска.

СОУ “Орде Чопела” станува синоним за ефикасен ангажман на професорите од хемиско-технолошката и ветеринарната струка. Скоро секоја година се носители на првите места. Достигнувањата се плод и на одличните услови за изведување на практичната настава.

Вешти со трактор

3. Vestite traktoristi so mentorot BoskoskiОд 45-тиот државен натпревар на земјоделско – ветеринарни училишта после два дена биење мегдани со девет училишта, се вратија како севкупни победници. Ги оставија “бели во очите” домаќините, кога ги грабнаа челните места, и поединечно, и екипно, за вешто орање и возење трактор, препознавање коски и скелети на домашни животни, аранжирање цвеќе. Вежбањето со училишниот трактор, совладувајќи ја вештината за возење со почитување на прописите, на Џем Реџепоски му донесе врвно место за вешто возење трактор. Успеал да ги одбегне пречките, да ја управува земјоделската машина и во кривини и да го паркира наназад. Заедно со соученикот Томислав Терзиоски, како екипа, се избориле за второ место.

4. Prvo mesto za aranziranje - ekipata od hortikultura so mentorot JagurinoskaИ девојките ги бидува за возачи на трактор. Задоволство и леснотија е возењето на трактор за Ирена Дивјакоска и Ангела Стомнароска. Потврда е првото и второто место. Вештините ги усогласија кога заедно седнаа во тракторот и се изборија за првото место екипно. Ирена, не само што умее со тракторот, туку и вешто ора. Тоа го забележа жирито и ја нареди на третото место.  Менторот Каме Бошкоски е горд на успесите на учениците, додавајќи дека достигнувањата се ефект на сублимираните знаења низ годините и понудената едукација од повеќе професори. 

 

 

 

 

5. Zdravkov i Bozinoski so mentorot GaloskiСтекнатите знаења од двонеделната обука во Холандија, на ученичките од техничар за хортикултура, Стефанија Миноска и Васе Петреска, под менторство на Ружица Јагуриноска им го донесоа првото место за аранжирање цвеќе и поединечно и екипно.

– Дефинитивно помогна искуството од земјата на цвеќињата. Највисокиот пласман се должи на совладаната материја, интензивното посетување цвеќари, следењето онлајн трендови, “спакувано” со креативноста на учениците  – вели професорката Јагуриноска.

 

 

 

 

7. Lider na struka - ucesnicite od SOU 'Orde Copela' so ministerot za obrazovanieВетеринарите се познати по скокотливата пракса. Изведуваа ректален преглед на крава во фарми во градов и во Португалија, даваа терапија на животни и се усовршуваа. Под менторство на Игор Галоски, во категоријата препознавање на коски и органи на домашни животни, Спире Божиноски го освои првото, а Александар Здравков беше втор.

Знаењето од анатомијата и физиологијата на животните и редовните пракси во училишната амбуланта и на фарми, резултираше како екипа точно, брзо и вешто да ги препознаат органите и коските на свежи органи и скелет од свиња. Задоволни се од освоеното место, посебно Здравков, кому ова му беше прво докажување во ветеринарството. Божиноски го бидува и за еко хемија. Со темата “Трансформација на штетниот отпад во корисно гориво”, предводен од професорките Татјана Тасевска и Билјана Апостолоска, триумфира на смотрите на млади истражувачи на Македонија.

Лидер на струка

8. Prvo mesto za standot na SOU 'Orde Copela'Матурантот Лаки Лучијано Петрески под менторство на Славица Петровска беше избран не само за лидер на профилот техничар нутриционист, туку и на целата хемиско – технолошка струка, која вклучува четири профили. Тој на државниот натпревар за избор на лидер демонстрирал знаење и во теорија и во пракса. Пресудувала и психичката и физичката подготвеност и познавањето на практичната настава за правилно да се изведе експеримент.

– Ќеф ми е што како лидер ги претставувам мојот профил и струка, а и училиштето – кажува Лучијано кој вештините ги презентирал во Струмица, Скопје и Велес.

Николина Матракоска е вицешампион за лидер на профилот техничар нутриционист.

Менторот Петровска додава дека иако на дипломите стои нејзиното име, успехот е на сите професорки од оваа струка кои вложуваат во образованието и практичната настава на учениците.

Злато за најдобар штанд

9. Srebro za intervju za rabotaСОУ “Орде Чопела” се врати од натпреварите на МАССУМ со четири награди. Штандот го дотераа од убаво поубаво, го накитија со цвеќиња од профилот хортикултура, донесоа бели печива, замесени од рацете на учениците од профилот прехранбен техничар, и под  менторство на Анита Галеска и Анкица Илиеска, “лапнаа” прво место за најдобро уреден штанд. По напуштањето на училишните клупи, учениците се подготвени да добијат работен ангажман. За интервју за работа на македонски јазик, матурантката Милена Николоска водена од професорката Мирјана Стојческа Ѓорѓиоска освои второ место.

10. Vtoro mesto po znaenje - Cavleska so mentorot BuneskaЕмилија Чавлеска со менторот Ѓорѓија Гагалески зеде бронза за кариерно портфолио, а на регионалниот натпревар по македонски јазик и литература, под менторство на Анита Бунеска, се избори за второто место. Музичките таленти водени од професорката Наталија Гарбеска беа третонаградени на МАССУМ.

Наградите се сатисфакција за училиштето. И верификација дека училиштето е “расадник” за талентирани деца, кои речиси секоја година освојуваат врвни места во различни натпреварувачки рангови.

Црвено-бел перфоранс на плоштад

11.Iizberi bel balon za tolerancija namesto govor za omrazaУчениците Емилија Чавлеска, Ева Петреска, Благојче Талески, Стефани Петреска и Стефан Рипилоски под менторство на професорката Јасмина Петреска и педагогот Тереза Златеска го организираа јавниот перфоманс “Хајд Парк”. Со пуштање црвени и бели балони со пораки за и против говорот на омраза, целта беше да се види ставот на граѓаните кога им се дава право да избираат. Британската амбасада и македонскиот институт за медиуми го наградија перформансот.

Креативноста и оригиналноста на изведбата на прилепскиот плоштад, предизвика забава и насмевки кај љубопитните граѓани.

Loading