ДОКАЗ ЗА УСПЕХОТ И ПОТСТРЕК ЗА ПРЕДИЗВИКОТ

Доделени признанијата за најуспешните компании за минатата година

1. Finisira ushte eden izbor na najbiznis za 2014Прилепските фирми Мартекс, Ламинати ком, Чатал и Просперо се најуспешни во 2014 година во категоријата мали и средни претпријатија, според изборот на неделникот Зенит и на Регионалната стопанска комора. Четирите компании се закитија со признанија на традиционалната манифестација Избор на бизнис на годината, што овојпат се организираше во ресторанот Гурман.

Награди од категоријата мали и средни компании добија компаниите кои подолго време успешно опстојуваат во регионов и имаат сериозни планови за проширување. Мартекс се занимава со производство и извоз на тешка женска конфекција. Ламинати ком вршат проиведуваат електроизолациони материјали. Повеќе од две децении Просперо на големо и мало нуди паркети, ламинати, синтелони, теписони и вештачка трева, а фирмата Чатал врши продажба на градежни материјали.

Доделените награди за бизнис на годината, ја отсликуваат позитивната тенденција во развојот на компаниите со посебен акцент на малите и средни компании. Признанијата се доказ за постигнатиот успех, но и стимул и потстрек за предизвиците кои доаѓаат.

Впрочем, иако манифестацијата е наречена избор на бизнис на годината, тоа ни најмалку не ги деградира успесите, постигањата и развојот на останатите компании на прилепската бизнис карта и остваруваат профит, со тенденција на зголемување на капиталот и инвестициите во осовременувањето и проширувањето. Напротив, се потсетува за континуираното работење на дел од компаниите, позитивните трендови и тоа во различни гранки, вклучително производствените компании, услужните дејности и трговијата.

Во создавањето на позитивната бизнис клима постојано делува Регионалната стопанска комора со седиштте во Прилеп која ги следи компаниите од регионов, нудејќи им помош за разрешување на одредени потешкотии.

Свртена кон бизнис секторот е и локалната самоуправа, создавајќи инфраструктурна основа за бизнис зоните во кои компаниите градат сопствени производствени погони. Исто така, придонесува за остварување на бизнис контакти со странски инвеститори. Признанијата ги врачи градоначалникот Марјан Ристески.

Неделникот Зенит ја одбележа и седмата годишнина од постоењето. Роденденската забава ја збогатија со својот настап ДЈ Роби Реј и вокалот Даниел Павлоски.

Весникот продолжува да отстапува простор за да ги претстави бизнис-идеите и патот на успехот на компаниите.

Признанијата годинава ги изработи фирмата Викели.

Loading