Регионална стопанска комора
На чело на бизнис асоцијацијата од регионов и во следните пет години останува Симон Наумоски. Сашо Самарџиоски е новиот заменик-претседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп, според правилата за организација и начинот на работа на комората. Избрани се и нови членови на Управниот одбор.
На бизнисмените, Горан Рафајловски им ја презентираше арбитражата како метод за побрзо и поефикасно решавање на споровите меѓу деловните субјекти, правата и обврските на компаниите согласно новите законски прописи и новините во законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност. На седницата се разговараше и за други прописи од даночната регулатива.