Сонце за капење

Филаделфија           

Siroka ponuda na solarni sistemi i bela tehnika vo   FiladelfijaКочанските “бојлери” од неодамна стартуваа да го користат прилепското сонце. Фирмата Филаделфија, веќе 23 години, пробивајќи се низ градовите во Македонија, својата широка понуда на сончеви колектори и бела техника ја понуди и пред прилепчани.

– Идејата произлезе од тоа дека Прилеп е еден од поголемите градови, каде жителите имаат релативно поголеми примања, наспроти луѓето во источниот дел. Поради тоа што бесплатната енергија од сонцето релативно малку се користи, сакавме да излеземе во пресрет со понудата на соларни системи – вели сопственикот Горан Стојановски.

Главно се ориентирани на соларни системи, и тоа од брендот Филасол, нудејќи врвен квалитет, контролиран и сертифициран од повеќе авторизирани куќи во Германија, Швајцарија и Србија. Нивните производи со години се продаваат на пазарот во повеќе градови.

– Најголеми се очекувањата во соларните системи, каде можеме да понудиме и врвна услуга на сервис и монтажа. Муштериите покажуваат поголема заинтересираност. Соработуваме со мајстори со 25-30 годишно искуство за монтажа. Дури не е сработено како што треба, не го оставаат “раат” муштеријата. Потоа се распрашуваат дали е сé во ред и доаѓаат на припомош, ако е потребно да се досреди системот – кажува Стојановски.

Располагаат и со широка палета на бела техника и апарати за домаќинство од сите познати брендови. Генерални увозници и дистрибутери се на квалитетниот бренд Борнер за помагала во кујна, а увезуваат и мали апарати за домаќинството од брендовите Camry и Mesko. Нудат и македонски производи од брендот Фила. Во нивната понуда може да се најдат и велосипеди, веспи, како и електроника. Дистрибуција во градов вршат најмалку еднаш неделно, а по потреба и секојдневна.

Поволните, ефтини и квалитетни производи, се примамливи за потрошувачите. Во ек е сезоната, а со попустите, фирмата е како “кец на десетка”. Со вложување од 200 до 400 евра, муштериите добиваат комплетни системи за одделување од електричната мрежа и намалување на сметките за струја. Во пресрет на потрошувачите за олеснително плаќање нудат кредитирање преку повеќе банки, како и доста големи поволности преку т.н. зелени кредити за обновливи извори на енергија.

– Нови сме, но има интерес. Навратуваат, прашуваат, ги користат поволностите. Полека почнуваат да нé учат. Тука сме за муштериите да изберат по доста поволни цени. Подготвени сме да понудиме и договор за плаќање на рати на вработените во фирми кои работат солидно, преку нивните синдикати –  додава Горан.

Со оглед дека нивното претставништво е релативно ново, Стојановски е задоволен како прилепчани ја прифаќаат неговата идеја за овдешен бизнис. Очекува од месец во месец да расте продажбата и да го развива бизнисот со поширока палета од нивната понуда. 

Loading