Витаминка во Шангај

Kinezite zbesnaa za vkusovite na VitaminkaВитаминка се претстави со раскошната палета на производи на Меѓународниот трговски саем за прехранбени производи во Шангај. Во промовирањето на најголемиот македонски производител на кондиторски производи, во Кина се вклучи и македонската манекенка, Елена Шахинова, која веќе неколку години работи во Шангај како заштитно лице на Викторија Сикрет за Кина.

– Влегувањето на Витаминка на кинескиот пазар е од исклучително значење за глобалното ширење на компанијата. Во овој светски економски центар присутни се врвните брендови од целиот свет и ако тука успеете, тоа значи дека располагате со целосно изграден производ, со квалитет, препознатливост и идентитет – изјавија од компанијата.

Витаминка го  извезува речиси половина од производството. 

Loading