Интересно за опстанок

Фудбал

Одамна беше јасно дека Победа ќе биде првак на Третата лига – Југ, а на две кола до крајот останува прашање кој ќе ги заземе последните две места, ризични за отпаѓање. Засега најзагрозени се Млекар и Бабуна со по 20 бода, 11 Октомври, Црвена ѕвезда и Борец со по 22. Според распоредот Млекар игра дома со Црвена ѕвезда – на гости кај Превалец, Бабуна на гости со Вардар – дома со Победа, 11 Октомври на гости кај Борец – дома со Партизан, Црвена ѕвезда на гости кај Млекар – дома со Големо Коњари, Борец дома со 11 Октомври – на гости кај Дојранско Езеро.

Доколку Победа биде второлигаш, а Кожуф не отпадне од Втората лига, никој нема да отпадне од Третата.

Loading