Ристеска во швајцарски клуб

Атлетика

Многупати и со задоволство сме пишувале за фудбалери и ракометари, кои настапуваат во странство, а атлетичарката Христина Ристеска веројатно е првата која со истиот статус е од овој спорт. Олимпијката од Лондон 2012 редовно настапува за репрезентацијата на Македонија, а до нејзиното име на натпреварувањата стои испишано и членството во клубот Унтерагери лејхатлетик од Швајцарија. Лани беше наша претставничка на Европското првенство во Цирих, а годинава на Европското првенство во сала во Прага, во дисциплината 400 метри.

Според резултатите Ристеска заслужува да биде и вторпат на Олимпијада, в година во Рио де Жанеиро.

Loading