Семинар за европските културни вредности

Во библиотеката

Промоција на европските вредности преку делата на европските и балканските автори” е содржината на дводневниот семинар денеска и утре во библиотеката, а на кој ќе бидат вклучени учесници од повеќе земји во регионот и Европа.

Проектот е од областа на евроинтеграциските процеси во културниот сектор и културните политики и има интердисциплинарен карактер.

– Главно станува збор за промоција на мултикултурализмот во Македонија, на Балканот и во Европа, елаборација на европските вредности како иманентен сегмент и составна компонента на делата на европските и балканските автори. Предавач ќе биде д-р Младен Караџоски – велат од библиотеката.

Издавачи се и на книгата ,,За градбите на господарот наш Јустинијан“ од Прокопиј од Кајсареја во превод од латински на Миле Богески. Станува збор за исклучителен труд кој првпат доживува превод на македонски јазик.

Богески, класичен филолог, е преведувач и на повеќе други трудови од латински на македонски јазик. 

Loading