Спектакл и млади актери

Јубилејниот  МТФ ,,Војдан Чернодрински,, од 12 до 19 јуни

Gradonacalnikot Risteski i umetnickiot direktort na   festivalot Petar temelkovski najavuvaat spektakl z aotvoranjeto na   jubilejniot MTFСпектакуларно отворање под ведро небо на плоштадот во Прилеп ќе има 50-тото, јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” на 12 јуни, а ќе трае до 19 јуни. Отворањето ќе биде грандиозно во режија на Дејан Пројковски.

Ова го најавија домаќинот, градоначалникот Марјан Ристески и уметничкиот директор на Фестивалот, Петар Темелковски.

Добитници на наградите за животно дело се театрологот Јелена Лужина и актерите Мето Јовановски и Борис Чоревски.

Подготвена е и монографија за јубилејното издание. Ќе се одржи и голема тркалезна маса со сите живи добитници на животните награди, а дел од претставите во придружната програма ќе се изведуваат на отворено, на сцената во Варош, во Паркот на револуцијата, низ чаршијата…

На јубилејното издание во официјална програма ќе бидат прикажани 13 претстави, а ќе има и придружни манифестации и бројни промоции.

– Репертоарот е шаренолик и на сцената ќе се појават нови и млади актери. Особено сум задоволен од поддршката на градот, стопанството и Министерството за култура – изјави Темелковски.

Свеченото отворање е замислено како спектакл и ќе се случи на плоштадот Методија Андонов Ченто.

– Се гордееме со фестивалот. Задоволство е да се биде домаќин на значаен културен настан. На отворањето, кое се подготовува, ќе  учествуваат големи уметнички имиња – изјави Ристески.

Son na letnata noc  na festivalotВо официјална конкуренција се МНТ со ,,Електра“ од Еврипид, во режија на Анрик Жолдак, Драмскиот театар со ,, Безљубни“ од Благица Секуловска, во режија на Златко Славенски, театарот Комедија од Скопје со ,,Многу врева за ништо“ од Шекспир, во режија на Дејан Пројковски, Велешкиот театар со ,,Приказни од шестиот кат“ од Драги Михајлоски, во режија и драматизација на Деан Дамјановски, Албанскиот театар со ,,Предавање,, од М. Мекедона, во режија на Ќендрил Ријани, Турскиот театар со ,,Сон на летната ноќ“ од Шекспир, во режија на Александар Поповски, Штипскиот театар со ,,Хотел ни на небо ни на земја“ од Шмит, во режија на Љупчо Ѓеоргиевски, Битолскиот театар со ,,Иванов“ од Чехов, во режија на Александар Баргман, Тетовскиот театар со ,,Залудни маки на љубовта“ од Шекспир, во режија на Сулејман Рушити,  Струмичкиот театар со ,,Крвави свадби“ од Лорка, во режија на Љупчо Ѓеоргиевски,  Кумановскиот ,,Мајка храброст“ од Брехт, во режија на Ѕвездана Ангеловска, Охридскиот театар со ,,Детектор за лаги“ од Сигарев, во режија на Ненад Витанов и домаќинот со ,,Сон на летната ноќ“ од Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ.

Распоредот на претставите наскоро ќе се утврди по усогласувањето со театрите, кога ќе биде договорена и придружната програма, во која ќе доминираат студенти, независни проекти, млади творци и други драмски групи  

Loading