Прво место за најдобар штанд

СОУ Орде Чопела

Standot na SOU 'Orde Copela'СОУ Орде Чопела од натпреварите на МАССУМ се врати со четири награди. Учениците под менторство на Анита Галеска и Анкица Илиеска ги изложија образовните профили, а уреденоста на штандот им донесе прво место. Матурантката Милена Николоска предводена од професорката Мирјана Стојческа Ѓорѓиоска освои второ место за интервју за работа на македонски јазик. Емилија Чавлеска со менторот Ѓорѓија Гагалески освои трето место за кариерно портфолио. Третопласирани беа музичките таленти, водени од професорката Наталија Гарбеска.

Учениците добиваа сертифати и награди и се забавуваа.

Loading