Медалите кај младите истражувачи

Гимназија Мирче Ацев

1. Nagradenite mladi istrazuvaci so mentoriteНа Државниот натпревар на млади истражувачи, шестмина, од 10 гимназијалци, се вратија со медали во различни области. Под менторство на професорката Милка Трајкоска, златото í припадна на Доротеја Дамјаноска, а бронзен медал освои Галена Велеска. До сребро стигнаа Андреј Стојкоски под менторство на Ана Велјаноска, Димитар Милески со менторот Анкица С. Јанческа и Елена Спиркоска со менторот Анета Стојческа. Бронза освои и Теодора Тасевска под менторство на Блаже Димески.

2. Biolozite ke se dokazuvaat i na drzavenНа Регионалниот натпревар по билогија, Јована Сваќароска и Магдалена Пашоска освоија трета награда, а Евгенија Грижоска, Давид Дамјаноски и Христијан Стомнароски пофалници и обезбедија пласман на државен. Зад успехот на учениците стојат професорите Милка Трајкоска и Софија Крстеска.

А екипата измешана со девојки од прва до трета година се избори за третото место на државниот натпревар во фудбал.

Loading