3D кино од трети мај

Во Кино Мис Стон

kino-mis-stonОд недела, трети мај, вљубениците во филмот ќе можат да уживаат во најновите светски филмски остварувања. Започнуваат проекциите во 2D и 3D во кинотото Мис Стон. На трети мај ќе има три филма. Еден е 2D и два филма 3D. Од 17 часот е анимираниот филм “Зошто не го изедовте татко ми”, од 19ч. “Егзотичниот хотел Мариголд 2”, додека од 21ч. е 3D проекцијата на светскиот хит “Одмаздници 2”.

Влезниците за 2D ќе чинат по 150 денари, а за 3D 200 денари. За оваа пригода обезбедени се дигитален проектор со 3D очила, како и аудио процесор со звучници.

Центарот за култура го остварува ветувањето дека брзо по стартот ќе почне со 3D проекции. 

Loading