Изложба од Дороти Пачкова

Во ЦК Марко Цепенко

Interesnite dela na Packova pred prilepcaniИзложба насловена До кога вака шепот без екот?  на дела во техника акрил, како и readymade инсталација од Дороти Пачкова е отворена во галеријата на ЦК ,,Марко Цепенко“.

Првата изложба во нашиот град претставува продолжение на првата нејзина самостојна изложба, преку која ги носи критички актуелните општествени збиднувања. Акцентот го става на уметникот и на неговото лично мултиплицирање, преку заземање одговорна улога во општеството и како што вели ,,нејзината нова слобода е слободата да се долови општеството“.

Скопјанката Пачкова е дипломиран сликар на ФЛУ, магистрант на отсекот родови студии на Институтот за општествени и хуманистички науки во  Скопје.

Учествувала на бројни групни изложби, колонии и саеми за уметност и култура. 

Loading