Светски поротник за филм

Ученик од ОУ Климент Охридски

Em svetsko ziri za festivalot Dzifoni,  em druzba so filmski zvezdi - Goran PoposkiДеветтоодделенецот Горан Попоски од ОУ “Климент Охридски”, меѓу 130 апликанти избори место во меѓународното жири на најпознатиот филмски фестивал за деца “Џифони”. Заедно со уште 12 други, ќе патува за Италија да оценува филмови од целиот свет за наредниот Оскар. Ќе се дружи и со познати филмски ѕвезди и ќе има можност за ширење на безброј познанства со 3000 деца од 10 земји од светот. Следењето филмови, “чепкањето” околу техниката, му овозможиле да блесне пред амбасадорот на Италија во дискусиите за фестивалот и за филмот “Хелим” во преполната киносала на Македонија. Горан е пресреќен за успешно минатото интервју, додавајќи дека ќе има шанса да ужива во магијата на филмскиот свет додека ги проширува хоризонтите за нови приказни.

Loading