МЕРМЕРОТ МАГНЕТ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Кинескиот амбасадор кај градоначалникот

Otkrieni potencijali za biznis megu Kina i PrilepЗа прилепскиот бел мермер се заинтересирани Кинезите. Амбасадорот на Кина, Вен Зеншун, на средбата со градоначалникот Марјан Ристески пројавил интерес и за хидроцентралите Чебрен и Галиште, за компанијата Еурокомпозит и за можноста за идно инвестирање во Прилеп со сите потенцијали.

– Тоа ќе значи подобрување на економските односи и зголемување на странските инвестиции, особено на кинеските во Прилеп. Ги запознавме со слободната економска зона, со индустриските зони, со областите кои можат да привлекуваат инвестиции од Кина. Ќе ја продлабочиме соработката со збратимениот град Деанг, еден од битните градови во областа Сечуан во Кина – рече градоначалникот Ристески.

Народите на Кина и Македонија имаат добри односи. Со збратимениот град досега се остварени две возвратни средби.

– Има големи потенцијали за соработка. Кинеската амбасада ќе им го претстави Прилеп на кинеските инвеститори и бизнисмени во сите области, па и во образованието и во културата – изјави амбасадорот  Зеншун.

Покрај белиот мермер, кинеската делегација ја привлекле и зоните за инвестирање.

Loading