Десетина стакла од фасадата на локалната самоуправа ги искршил со камења и со лопата 22 годишниот Н. Т. пред почетокот на работното време на администрацијата. Полицијата го привела агресивното момче, кое, според неа, било во алкохолизирана состојба. По утврдувањето на идентитетот и подготовката на кривичната пријава, момчето е пушено на слобода.
Според сведоците, момчето првин фрлало тули на стаклата, а потоа ја зело лопатата од чистачот на Комуналец и искршило неколку прозорци во призмјето на објектот.
Локалните власти веднаш ги заменија скршените прозорци.
На социјаланите мрежи момчето изрази каење за непромислениот чин.
![]()

