Западно училиште во прилепска средина

ОУ Блаже Конески

– До 2016 година училиштето ќе биде уредено тип-топ

1. Gordost za site e napredokot na ucilistetoto -    direktorkata Marija DulevskaЗа ОУ “Блаже Конески” учебната 2014/15 година е плодна, оти учениците “жнеат” награди и признанија на мноштво натпревари. Вложениот труд, ангажираноста и знаењата пренесени од наставниците прават училиштето да се гордее со успесите на своите таленти. Децата од сите одделенија демонстрираа дарба на врвни спортисти за возраста, постигнувајќи голови, поени, кошеви за заземање на високи места во ракомет, џудо, футсал… 

Успеси во бројки и операции

Вешти по математика се покажаа Марко Пирганоски и Давид Елим од петто одделение под менторство на Наташа Димеска. Се закитија со злато на регионалниот натпревар. Во силната конкуренција, Ева Смилеска освои трето место под менторство на наставничката Виолета Маркоска. На општинскиот натпревар, предводени од наставничката Елизабета Мургоска, Бисера Јандреска беше прва, а зад неа Николај Смилески и Антонио Барлески. Димитар Деркоски учествуваше на меѓународниот натпревар Кенгур.

2. Marko Pirganoski zgrapci prvo mesto na regionalniot po    matematikaДимитриј Младеновски предводен од наставничката Марга Магдеска се искачи на пиедесталот на меѓународниот ХИППО натпревар по англиски. Како единствен првак ќе го претставува училиштето, градот и државата на  светскиот натпревар во Италија. Под менторство на Валентина Кочоска, на ХИППО учествуваа и Павел Димоски, Кристијан Мирчески, Антонио Андоновски, Бојан Димкоски и Небојша Благојевиќ.

На општинскиот натпревар по биологија т.н. “Тест на знаења”, под менторство на Васе Антулеска, Ивана Наумоска се избори за второто место, а Михаела Котеска за четвртото место.

2. Zamenickata Marija Nedelkoska i direktorkata Marija DulevskaКако млади техничари и природници, на регионалниот натпревар на Народна техника под менторство на Петар Андоновски, на челното место се закотвија Владимир Лазароски за автоматика, Здравко Трајкоски за роботика, Ирина Стеваноска за агротехника, Христијан Мирчески за градежништво и архитектура. Под менторство на Бранко Бабаноски, Виктор Лазароски стана првак за ракетно моделарство. Прва беше и Елена Наумова во применета биологија под менторство на Васе Антулеска. На врвот се искачи и Флорентина Вељаноска по математика со менторот Игор Богданоски. Викендов прваците ќе се докажуваат на државно ниво во Велес.

 

4.-Violetovoto-5-3-odd.-koe-osvoi-vleznici-za-megahitot----'Doma'Учениците од петто одделение предводени од наставничката Весна Арсиќ покажуваат успеси на разни полиња. Со “Лов без улов” во категоријата на современи маски го освоија првото место на карневалот Прочка. На челното место беа и на конкурсот од Просветно дело за најубава фотографија. Затоа отидоа во Битола да уживаат во 3Д анимиранот филм “Дома”. Наставничката е вклучена и во проектите за меѓуетничка интеграција и “Сите сме еднакви”.

Се негува и литературното творештво, а учениците инспирирани од патронот учествуваат на голем број литературни конкурси. Со својот талент се издвојуваат Елена Соколоска и Теона Ацеска, кои на последното литературно читање во ОУ “Кочо Рацин” за 8 Март, ги освоија второто и третото место. Поттикнувајќи го чувството за убавиот пишан збор, во мај, училиштето ќе биде домаќин на истакнати македонски писатели.

Најкреативната честитка за 8 Март на Јован Митрески му донесе прво место.

Изобилство од проекти

5. Ucestvo na golem broj literaturni konkursiВеќе трета година,  учениците преку литературни творби, цртежи и дигитални содржини учествуваат во проектот “Холокаустот низ призмата на детските очи”, на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со МОН и БРО.

Под мотото “Корупција – ја сечеш гранката на која што седиш”,   наставничката по граѓанско образование, Лидија Котеска, со учениците од осмо одделение го остварија проектот “Антикорупциска едукација на учениците” од ОУ на МОН и Државната комисија за спречување на корупција. Учениците разбраа што се корупцијата и антикорупцијата, со што се подготвија за развојот на модерното демократско општество.

6. 'Razigrano' sarenilo od boi - Blaze Koneski vo s. Lazani, proektot 'Site sme ednakvi'Училиштето е единствено во градов, кои заедно со уште 21 училиште од земјава, е вклучено во проектот “Сите сме еднакви”, за меѓуетничка и меѓукултурна интеракција и социјална врска меѓу децата. Реализирани се 3, од 4 кампањи и промоции на вредности, односно ликовна изложба за “Еднаквост и човекови права”, општински конкурс за изработка на разгледници за “Права и одговорности во општеството” и за “Почитување и различност во мултиетничко општество”, преку играње на традиционални танци и ора во ОУ “Мирче Ацев” во селото Лажани. Остануваат уште спортски и забавни игри за тимска работа и фер плеј. Учениците и наставниците Елизабета Мургоска, Драшко Дичкоски, Снежана Магероска, Мартина Пројческа и Сузана Белокоска се задоволни од спроведените активности.

Доминатни во спорт

Зграпчувајќи 12 медали во борење во слободен стил на меѓуучилишните натпревари, а училиштето доби генерален пласман, својувајќи го екипно првото место. Заслужни за освоени 5 први, 4 втори и 3 трети места, беа учениците Божидар Пирганоски, Методија Николоски, Марија Томеска, Денис Богески, Дејан Мирчески, Михаил Костадиноски, Николче Димкоски, Антонио Црвенкоски, Слободан Јанески, Давид Јорданоски, Виктор Лазароски, Петар Кочоилески, Владимир Лазароски, Николче Стојаноски, Стефан Бегоски, Александар Трајковски со наставникот Тони Николоски. 

Во машки футсал за деветтоодделенци, од 14 екипи основци, најдобра беше ОУ “Блаже Конески” во состав Марио Наумоски, Стефан Наумчески, Гире Глигороски, Михаил Јованоски, Мартин Томески, Цивкароски Александар, Филип Црвенкоски, Стефан Петрески, Давор Стојчески и Даниел Близнакоски под менторство на Тони Николоски. На сите натпревари победија убедливо, со ниту едно загубено полувреме. Успехот го повторија и во регионот, каде, покрај вжештената атмосфера во финалето против екипата на ОУ од Демир Хисар, беа убедливо најдобри меѓу најдобрите. Меѓу успесите вредни се и на женската футсал екипа. Девојчињата Јана Луческа, Стефани Петреска, Сара Јанакиеска, Михаела Димеска, Сања Петреска, Катерина, Сара, Елена, со срце стигнаа до финале, освојувајќи го првото место на општинските натпревари. Деветоодделенките Сара Велеска, Магдалена Ѓоргоска, Бранкица Гешоска, Сара Јанакиеска, Михаела Димеска, Еми Јовеска, Ана Звездакоска, Јана Луческа, Марија Тодеска и Ѓурчиноска Михаела, се изборија за второто место во кошарка. Девојките блеснаа и во ракомет за 8 одделение, зграпчувајќи го второто место под менторство на наставникот Борче Спиркоски.

{AG}pic/puls/349/1{/AG}
Вешти беа и џудистите на државниот натпревар во Битола. Сара Велеска, Стефани Томеска, Марија Томеска, Наталија Димеска, Менде Кироски, Давор и Дарко Велкоски Димитар и Мартин Петрески, Никола Томески, Гоце Ристески, Лука Петејчук и Марко Кироваков, се вратија со 12 медали и станаа државни прваци екипно со 6 златни, 4 сребрени и 2 бронзени медали.

Каратистката Кристина Каламукоска се закити со второ место на меѓународнот натпревар “ГАЗИ БАБА ОПЕН 2015” во Скопје. 

Во трка за меѓународни обуки

ОУ “Блаже Конески”, уште со три училишта од Полска, Италија и Естонија е партнер во проектот “Иновативен пристап за да се направи училиштето поатрактивно”. Преку соработка, иновации и размена на добри практики училиштата станаа поатрактивни.

Наставничките Валентина Кочоска и Наташа Ристеска Проданоска очекуваат одговор на апликацијата за обука во Плимут, Велика Британија, на тема “Адресирање различности и еднаквости во училницата” од организацијата Амбер Инитиативес.

Ново руво

Подрачното училиште во Варош, во 2013 година со средства од Локалната од 1,9 милони денари, беше комплетно реконструирано од подови, ѕидови, тавани, фасада, до инсталација на парно греење на течно гориво. Од лани, со 1,5 милиони денари, хигиената е подобрена со реконструкција на санитарните јазли во централното училиште. Со бекатон плочки беше обновен дел од влезот во дворот. Се сменија плочките во ходникот на првиот кат. 

Со поддршка на градоначалникот Марјан Ристески и Локалната самоуправа, планирани се нови инфраструктурни проекти. Со пет милиони денари претстои промена на столаријата во централното училиште годинава, а в година со два милиони денари партерно ќе се уредува дворот на варошкото училиште. Годинава ќе се сменат плочките на приземје во централното училиште, а в година со 1,2 милиони денари ќе се реконструира и фасадата.                    

 

Loading