ДЕН ЗА НА ВАРОШ

Голем Петок

Се уште не се заборава традицијата, за Голем Петок кој е наречен и Балаклија, прилепчани да појдат на Варош и во манастирот Св. Архангел Михаил да запалат свеќа за здравје и среќа. Денешниот ден е празник на варошани кои се познати како добри домаќини за сите добронамерни гости. На петокот по Велигден, се радуваат и млади и стари. Некогаш вриело народ што одел на Варош на честење. Поблиските останувале и на ручек.

Под манастирот ќе се распостелат и тезги. Останало адет и традиција на децата да им се купи нешто за празникот. Затоа со душа се чека панаѓурот. Варошани се верни и горди на адетите на своите предци.  

Loading