ФОРУМ СО РАБОТОДАВАЧИ

В понеделник

– Со подобри политики на поддршка до повеќе вработувања во бизнис-секторот

В понеделник во салата на Општината, претставници од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Националниот совет за претприемништво и конкурентност, во соработка со локалната самоуправа, ќе ги презентираат активните програми и мерки за вработување пред работодавачите и мерките за поддршка на бизнис-секторот. Ќе се дискутира и за искуствата од досегашната примена и идентификување на проблемите и потребите на бизнис-заедницата во насока на јакнење на соработката во планирање и имплементирање на политиките за вработување на локално ниво.

Целта е да се зголеми информираноста на работодавачите за  активните мерки и програми кои треба да поттикнат нови вработувања, да се разменат искуства и преку директен контакт да се увидат потребите на приватниот сектор. Ќе се зајакне поврзаноста со приватните компании за следење на понудата и побарувачката на пазарот на трудот. Ќе се разменуваат и идеи и предлози за прилагодување на политиките и програмите за вработување, согласно потребите на работодавачите. Средбата ќе придонесе за јакнење на социјалниот дијалог меѓу работодавачите, единиците на локалната самоуправа и државните институции на локално ниво. Работодавачите ќе имаат можност да пренесат какви мерки им се потребни во иднина  за зголемување на вработувањата и какви квалификации бараат, односно која активна мерка би била најсоодветна за нив за зголемување на интересот и апликациите при искористување на новите активни мерки за вработување и остварување што е можно повеќе вработувања на невработените во Македонија и Прилеп.  

Loading