Прв еко училишен весник

ОУ Рампо Левката

levkataЦртежи, творби, пораки и низа прилози и фотографии од еко активностите на учениците од ОУ “Рампо Левката” можат да се видат во 350 примероци на првиот еко весник. Со еко лого и испечатен во боја, единствени се меѓу основците со еколошко гласило. Расте еколошката свест кај учениците, а тоа го докажуваат на креативен начин. Списанието го разделија меѓу учениците, родителите и случајни минувачи, со амбиција да влијаат на раст на осетот за негување на здрава животна средина.

Loading