Надарени техничари и природници на Државен

Основците покажаа умешност како техничари и природници на меѓуопштинскиот натпревар во Прилеп. Од 47 натпреварувачи, 23 одат на Државен поход по поголеми успеси за астрономија, метереологија, екологија, математика, фото, радио, кино и видео техника. Екипно најдобри се учениците од ОУ “Климент Охридски” со седум први и четири втори места. Веднаш до нив, со шест прваци беа Коневци. Меѓу најдобрите се рангираа и учениците од ОУ “Гоце Делчев” со две први места, а ОУ “Добре Јованоски” и ОУ “Кочо Рацин” со по три челни места. По едно прво место освои ОУ “Рампо Левката” и ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. 

Loading