Инвестирајте во РК Прилеп!

Ракомет: Лино Червар, тренер од светски ранг

Ne e vazno sto rabotis, tuku toa da go rabotis so ljubov -   Lino CervarНикој не се сеќава на нешто слично, пред меч да има толку долги, громогласни аплаузи и скандирања од домашната публика кон гостински тренер. Тоа го доживеа стручњакот од светски ранг, Хрватот Лино Червар, кој го водеше скопски Металург против Прилеп во преполнетата Универзална.

Бевте пратеник на ХДЗ, навикнати пред народ?

– Ова е најголемиот собир. Не може политиката да го доведе и обедини народот в сала, како ракометот и спортот. Беше прекрасна вечер – рече Червар.

Металург и Прилеп?

– Одигравме добро без 16 првотимци. Во Македонија ракометот не е мртов. Имаме деца за игра. Срцата на Македонците се за нас. Не сме мртви како што мислеле. Живи сме, благодарение на работата со младите. Не можат да нé уништат. Металург е силен во најскромни услови. И домашниот тим го остави срцето на теренот. Мојата порака е да се инвестира во таа екипа.

Не сте првпат во Прилеп?

– Вторпат. Првиотпат ја следев школата. Гоце Макалоски добро работи. Мило ми е што имаме добри тренери, на кои им треба поддршка за искуство.

Вашиот совет до нив?

– Нужно е човек да работи цел живот. Не е сé во победите и поразите. Како што вели Марија Терезија, не е битно која работа ја работиш, туку да ја работиш со љубов, со децата. Тренерот е онолку голем, колку ќе се согласи да работи со туѓи деца. Сите кои работат со деца се големи тренери. Мора да бидат упорни, тврдоглави, истрајни и стрпливи, оти резултатот не доаѓа веднаш. Чекав 50 години да станам олимписки и светски шампион. Мислев Бог нема да ми ја даде таа среќа, но тој сé гледа и само проверува дали си упорен.

Не е доволно човек да е стручен, туку и посветен?

– Ако е посветен, ќе биде и стручен. Треба постојано да се инвестира во себе си. Да следиш методологија, дидактика, сé што се случува, да учиш, читаш. Никогаш тренерот нема да ги положи сите испити. Ниту јас. До крајот нема да ги положам.

Во врска со тајм – аутот, некаде помошниците истрчуваат и кажуваат повеќе од шефот. Вие не дозволувате?

– Јас одговарам најмногу. Како кога хирургот направил одлична операција и спасил дете, излегува од операционата сала, а болничарот истрчува пред него и вели “Јас ги држев ножиците”.

Шест години сте во Македонија. До кога?

– Ако имам услови, останувам, ако не… Што ќе биде само Господ знае – заврши Червар.

Loading