НАЈПЕТКА

Цела учебна година ја полневме Петка со успеси на ученици, кои постигнатото во голема мера го должат на нивните наставници. Нашите ученици се успешни на сите полиња, спорт, математика, хемија, историја и да не ги набројуваме сите предмети во дневникот. Го бележевме скоро секој медал, секоја диплома, секој сертификат. Учениците се супер и наша гордост е да пишуваме за нив. Тие се креативни, талентирани, примерни, со еден збор – одлични! Но, стручниот кадар наставници, добро знаат дека детскиот мозок се обликува во школските клупи, па од нив излегуваат целосно изградени личности. Наставниците постојано ги следат, им помагаат, ги откриваат нивните таленти. Тие на секое дете му нудат дел од себе, а тоа е знаењето. Постојано “пикираат” интернет страници, барајќи конкурси, натпревари и манифестации, каде можат да ги следат нивните најдобри ученици. Ги подготвуваат, тече пот и од челото на наставникот и на ученикот.

Затоа, апелираме со ваши гласови, вие да изберете кој заслужува да се стекне со овогодинешната титула Најученик, Најнаставник, Најодделение и Најучилиште. Гласањето е на Фејсбук страницата на Зенит и [email protected]. Крајот на гласањето ќе биде во мај.

Loading