ГЛАСАЈТЕ ЗА НАШИТЕ

Комфи Ангел во финалето на престижните европски бизнис награди

Конфекција Комфи Ангел е во трка за одличјето Ruban d’Honneur во финишот на престижните европски бизнис награди, заедно со девет конкуренти во категоријата увоз-извоз. Пред конечниот избор на 26 мај во Лондон, прилепската компанија води битка со соперници од Шпанија, Полска и Велика Британија. Нашата конфекција е единствена македонска фирма во последниот. Годинава учествуваа 24 илјади компании од 33 земји од Европа.

Првиот човек на мешовитата македонско британска компанија за производство на постелнина, Ирена Јакимоска, ќе ја презентира фирмата во Лондон. Таа вели дека  наградата ќе претставува маркетингшки ефект, а и Македонија ќе се презентира како земја каде може да се прави успешна бизнис приказна.

Во досегашниот дел од трката учествувале 11 компании од земјава.

Сите поддржувачи на компанијата можат да го дадат гласот електронски до 16 април.

Линковите на кој може да се пристапи и само еднаш да се гласа од една е-маил адреса, се:

http://www.businessawardseurope.com/%E2%80%A6/former-yugoslav%E2%80%A6/12969

https://www.facebook.com/pages/Comfy-Angel/188977517859664?fref=ts

http://www.somnia.com.mk

Loading