ЗАЕВ ВО ПРИЛЕП

SDSM se proseta niz gradotОд центарот на Прилеп, СДСМ пушти десетина снимки од наводни разговори на градоначалникот Марјан Ристески со министрите Миле Јанакиески, Зоран Ставревски, Гордана Јанкуловска, во кои тие зборуваат за засилување на контролите во кафетериите и фирмите.

Според претседателот на СДСМ, Зоран Заев, власта последниве два месеци влегува во подлабока каша, од лага во лага, да ја сочува својата кожа.

Реагираше градоначалникот Ристески кој упати апел, прилепчани да им веруваат на своите очи. 

– Една е вистината за Прилеп, зошто Прилеп се сака само со дела. Во наредниов период прилепчани ќе слушнат сé и сешто, лаги, конструкции, шпекулации, манипулации, со цел, некој без труд, без пот, без програма и проекти, со кодошење и шпиунирање на својот народ и својата држава по секоја цена да се добере до власт – рече Ристески.

Членовите на СДСМ дефилираа низ градот.                                                                         

Loading