ТУРКАНИЦИ СО КУЧИЊА

masovna posetenost na shouto na kucinjaНавала од посетеност на паркот на Могилата да се ужива во убавината на над 250 расни кучиња. Од убави, поубави, од најнежни до најстрашни, парадираа милениците низ ринговите поставени на вештачката трева, а посетителите со восхит и задоволство уживаа во изложбата. Кинолошкото друштво се покажа како одличен организатор на меѓународната изложба, каде главниот мотив за пријателство и среќа беа кучињата. Љубителите од разни страни од светов се зближија, “тепајќи” се кој побрзо да го истопори својот миленик пред жирито и љубопитната публика. Стручното жири ги избра “мистерите и мисиците” во разни категории. Посебен третман имаше шарпланинецот.

Loading