ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ВО ГРЦИЈА

Планинарското друштво “Картуш” изведе експедиција дури во Грција. Дружината се воодушевуваше на сталактитите и сталагмитите на пештерата Алистрати. Не останаа рамнодушни, туку заминаа восхитени и од црквата на Св. Лидија, именувана според библијата дека била првата христијанка покрстена во Европа. Мераклиите на планините слегоа во урбаната средина и дел од походот го минаа во прошетка низ градот Кавала, полн со споменици и бујна историја.   

Loading