ЕМ ТРЕНДИ, ЕМ ЕФТИНО

Урбан шоп

Vo cekor so modnite trendovi - Zlatko RisteskiЕфтино за стил и за совршен изглед, секогаш најсладок шопинг е понудата на бутикот за облека Урбан шоп. Сопственикот Златко Ристески веќе 14 години импресионира, нудејќи тренди артикли по багателни цени. Муштериите го препознаваат како Др. Мартинс, бидејќи своевремено главно ги освојувал симпатиите со понуда на оваа реномирана модна линија. Висок квалитет за мала вредност е уште една карактеристика. Во понудата доминира бегство од класиката. Кога гардеробата е во прашање, малкумина можат да одолеат на   привлечниот богат избор на облека со подеднаков третман и на жените, и на мажите. 

Во потрага по нови пазари, Ристески на стартот се борел со повисоки маржи. Но, ја намалил заработувачката, за да им излезе во пресрет на купувачите, задржувајќи го квалитетот и раскошната палета. Овозможувајќи екстра ниски цени докажува дека минимализмот е одлика на стилот, односно дека секогаш не би требало да биде правило скапото да е и квалитетно и да го претставува последниот здив на модата. Битката со конкуренцијата не била лесна, но благодарение на поддршката од сопругата и конјуктурниот асортиман успеал да одговори на сите предизвици на бизнисот.

aas– Се трудиме да бидеме во чекор со модните трендови, бидејќи стилот на облекување го менува изгледот за 360 степени, додава или одзема неколку години – вели сопственикот Ристески.

Во бутикот може да се пронајде шик облека за сечиј вкус и секаква комбинација – дневна и вечерна, одбегнувајќи го класичното, давајќи му предност на невообичаеното. Од спортски изглед до елегенација, едноставните парчиња гардероба добиваат нота на впечатлив тренди стил. Се разликува од другите по постојаните иновативни идеи спроведувани на дело. Континуирани се попустите и најразличните изненадувања за лојалните потрошувачи. Планираат, еднаш до двапати годишно, за најголемите празници, да спроведат акција “плати колку што мислиш” за машката и за женската гардероба. Реализацијата на оваа идеја очекуваат да ги “предизвика и намами” купувачите да се почестат со квалитет и атрактивен модел. Смета дека овој начин на водење на бизнисот ќе ги привлече и сопствениците на бутиците од другите градови да ѕирнат внатре и да купат нешто по свој вкус.

aas1– Секогаш имаме позитивен став и пријателски однос со потрошувачите. Ведрината на лицата и среќата на купувачите е најдрагоцениот дар кој може да се добие од бизнисот – додава Ристески.

Особено внимаваат на младите. Негуваат амбиции да ги освојат пребирливите. Планираат проширување во поголем простор со повеќе вработени за да се изложи целата понуда и да се овозможи комфор при изборот.   

Loading