УМЕТНОСТ ВО КВАЛИТЕТНИ ТЕРМОФАСАДИ

Палир Занат

Gi sledi novitetite vo materijalite - Borce DimeskiНе ретко “зјапаме” во убавите фасади на куќите кои се “шлаг” на објектот за првиот впечаток за надворешниот изглед на домот. Многу градби се дело на Борче Димески и неговата фирма Палир Занат. Специјализирани се за завршни работи во градежништвото, но не само за декорација, туку и за квалитетна изведба. Учел од дете покрај татко му, од 2007 година да стане сам газда. Изведуваат термофасади, исклучиво со словенски материјал од фирмата ЈУБ. Поседуваат повеќе сертификати и нудат 10 годишна гаранција. Работат и внатрешно уредување – молерај, кнауф, гипс картони, спуштени тавани, класична малтарија. Најчесто услугите им одат во пакет. Новите куќи и надворешно и внатрешно, комплетно ги уредуваат.

– Словенските материјали се најквалитетни. Муштериите немаат никакви забелешки. Се обезбедува термоизолација, се заштедува енергија, топлотна заштита зиме, а во лето е ладно. Фасадата е многу повеќе од декор на домот. Покрај естетиката, побитна е заштитата од надворешни влијанија – вели сопственикот Борче Димески.

Постојано ја следи новата технологија при изведбата за постигнување на врвен квалитет. Посетува стручни обуки во државава, Словенија и Србија.

– На муштериите им гарантирам квалитетна услуга. Работата е сложена, ризична, работиме надвор, на висини, но затоа имаме физички и здравствено подготвени работници едуцирани за безбедност и заштита при работата. Треба да се познаваат материјалите и да се работи според стандардите – додава Димески кој има двојна улога, и сопственик и работник.

 Благодарение на врвниот квалитет, пробиени се на пазарот. Работат без застој. Напролет и наесен имаат најмногу работа но со новите материјали може да се работи во секое време. Фасада на куќа од 300 – 400 квадрати ја изведуваат за 20-25 работни дена. Добриот глас стигнал надалеку, па ги разубавуваат и куќите во кривогаштанско, во Бела Црква, Воѓани, Житоше, Лажани, Долнени и други села.

Да им ги “исполнат” желбите на клиентите, се трудат секоја куќа да ја дотераат со различен изглед, секогаш залагајќи се физономијата да биде поинтересна. Располагаат со завршен пластифициран малтер во боја и обичен кој е поефтин. Дури 90 отсто од идеите се дело на Димески, нудејќи најдобар избор што одговара на градбата. Ја направил и првата глетована фасада со термоизолација во градов.

 – Бојата и структурата на фасадата привлекуваат внимание дури и кај стандардна градба. Компјутерски се одредува бојата, а најчесто сопствениците бараат светли бои. Во оваа работа треба да си поамбициозен. Мораш да одиш напред, со чувство за уметност. Фасадите никогаш не се монотони, туку ги изработуваме во стил, објектот да е во тренд. Привлечното во бизнисов е финалниот производ од работата и задоволството на муштеријата – вели Димески.

Секогаш се раководи од желбите и очекувањата на муштеријата кому му покажува готова градба или пак компјутерска анимација за тоа како ќе изгледа објектот. Работат квалитетно, оти изведбите се за на век, за генерации и генерации. Затоа посветуваат внимание на квалитетот. Умешни се на обична куќа да ѝ дадат нитка на раскошност и посебен дизајн.

Loading